Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во автомобил најдени 11 мигранти, возачот уапсен

На автопатот А1 Неготино-Градско (кај археолошкиот локалитет Стоби) синоќа од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор ,,Михајлово“ и полициски службеници од Одделот за организиран криминал, било запрено возило „Волво“, при што возачот С.А. (22) од с.Петралица, се обидел да избега, но е уапсен.

Во возилото биле пронајдени 11 лица-мигранти од кои едно лице од Ирак, едно од Пакистан, шест лица од Авганистан и тројца од Сирија. Известен е јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК