1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се синоним на политичари без кичма

Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси. Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се.

Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните. Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи ма последиците.

Заев и Пендаровски излажаа и дека во јуни ќе почнеме преговори. Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво. Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици.

Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +