Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Фијаско на централниот митинг на Мицкоски и Сиљановска во Скопје, граѓаните упатија силна порака против кочењето

Слабата посетеност на централниот митинг на Сиљановска и Мицкоски во Скопје е силна порака од граѓаните дека се против блокадите, деструкциите и не сакаат враќање назад, соопшти СДСМ.

„Фијаското на централниот митинг на Сиљановска е потврда дека граѓаните ја препознаваат кандидатката на Мицкоски дека само продолжена рака на Мицкоски и Груевски.

Државата тргна напред и враќање назад нема. На 21 април и на 5 мај, граѓаните масовно ќе го поддржат концептот за напредок, сигурна и стабилна иднина, предводен од Стево Пендаровски и ќе го изберат за претседател кој достојно ќе ја претставува државата.

Република Северна Македонија ќе добие претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја води државата напред и интеграција во ЕУ и НАТО“ се додава во соопштението на партијата.

Можеби ќе ве интересира

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК