Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Возилото со кое Дескоска беше на митинг е приватно, а не службено

Министерството за правда ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека министерката Рената Дескоска денеска со службено возило била на партискиот митинг во Скопје. Од таму велат дека возилото во кое била Дескоска е приватно и дека службените возила на Владата се „Фолксваген пасат“.

„Ваквите објавени содржини се манипулативни и невистинити, најостро ги демантираме и бараме најпрвин повлекување на ваквата вест, а потоа и јавно извинување од страна на оние кои ја споделија веста без да направат проверка на фактите. Сите знаат дека службените возила на министрите, како од претходната влада, така и оваа, се ‘Фолксваген пасат’, а не како што се тврди лажно со објавената слика во која министерката влегува во возило ‘Мерцедес’, кое е во приватна сопственост“, пишува во демантот.

Воедно, додаваат од Министерството, во оваа прилика сакаме да потенцираме дека лесно може да се провери сопственоста на возилото, дека истото не е дел од возниот парк на Министерството за правда, ниту пак Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ниту пак на било која друга јавна институција. На денешниот митинг, велат од Правда, министерката отиде со приватно возило на нејзин сопартиец кој одеше на истиот митинг.

„Единствениот кој досега се возеше во она на ‘М’ купено со државни средства, е бегалецот од правдата, господинот Никола Груевски“, се вели во демантот.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.