Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија: Трудница го загуби бебето во шестиот месец, причина опасниот вирус

Трагедија во Македонија. Трудница од Штип која што била во шести месец на бременост завршила на гинекологија, каде ја породиле со мртов плод.

Сето ова се случувало пред десетина дена.

Пациентката била примена на лекување поради зараза од морбили на Клиниката за инфективни болести.

Вирусот на мали сипаници е најопасен за плодот во првите три месеци од бременоста, велат лекарите.

Во изминатиот период неколку трудници абортирале поради овој опасен вирус.

Во моментов на Инфективна клиника на лекување има 2 бремени жени со морбили, од кои едната треба наскоро да се породи. Во меѓувреме примени се уште четириесетина пациенти кои биле позитивни на вирусот.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК