23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

На вечерашните средби со жителите на општина Босилово и Василево, заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски повика на изборите да се поддржи концептот што води напред, бидејќи тоа значи развој и подобар живот, тоа значи членство во НАТО и интеграција во ЕУ што обебзедуваат нови работни места и повеќе пари кај земјоделците, кај граѓаните.
– На 21 април и на 5 мај, на избори, да дадеме ветер во грб на политиките на оваа власт за да покажеме дека нашата Македонија е на правиот пат, а не да дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се ќе поништат и ревидираат се што оваа власт направи добро за народот и за државата. Затоа, масовно да излеземе на изборите и да гласаме за број 3, за да продолжиме по вистинскиот пат заедно напред, повика Пендаровски. Пендаровски пред присутните истакна дека претстојните избори се особено важни за да продолжат реформите, да продолжи напредокот во интеграциите.

– Во изминативе речиси две години, сведоци сме на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Европа за Република Северна Македонија. Го обезбедивме и заштитивме идентитетот и ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО. Интеграцијата кон овие два сојузи носи бројни придобивки и отвора влез на пазар од 500 милиони потрошувачи. Тоа е дополнителен стимул за нашето земјоделство и нашите земјоделски производи, порача Пендаровски.