24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Македонија сега се брани со гласачко ливче

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје, на граѓаните им порача дека овие избори се многу важни, дека сите треба да излезат да гласаат, затоа што, според него, Македонија треба да се одбрани со гласачко ливче.

Ги повика сите да гласаст за Сиљановска, за да може, како што рече, Македонија да застане на цврсти нозе, бидејќи оваа власт не прави ништо друго, туку урнисување на државата.

„Оваа власт удри по темелите на нашта заедничка куќа, почна да руши дел по дел, темелите се урнисани, остана само покривот, да не дозволиме и тој да се сруши, зошто ако останат на власт ќе падне кога тогаш. На овие избори не бираме само претседател, туку со победа отвораме простор за предвремени парламентарни избори, за да може овие што седат овде спроти нас и не водат кон пропаст да си заминат за секогаш“ рече Мицкоски.

Тој рече дека Заев и Пендаровски се на иста линија и дека не нудат ништо ново. Дека е лага дека Македонија ја водат напред.

„Што можете да очекувате од Пендаровски, кој на граѓаните им кажа да не му се појавуваат пред очи ако не победел. Тој ли личи на претседател, зборува за некакви бачила, сурати, и се обидува да го замае народот со евтини шеги, ист е како Заев. И тој тук-тек со некој евтин хумор се обидува да ги насмее неговите гласачи, а во крајна линија дури и да запее на лош англиски јазик и да се докажува дали „мавтосување“ е македонски збор или дијалект. Не знам дали овие луѓе е праведно да бидат на чело на државата“ истакна Мицкоски.

Тој зборуваше за тоа дека правдата е селективна, дека нема цврсто судство, дека манипулират со инвестициите кои ги наследиле од претходната власт и со ветеното покачување на платите.

„Дури и лажеше дека ќе бидат во затвор терортистите за Смилковско езеро, а тие се шетаат на слобода. Тој не е ниту Тито, ниту божество како што го нарекуват неговите, тоа е само Заев“ заклучи Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да гласаат затоа што според него народот е разбуден и овој пат нема да наседне на празни ветувања.