Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците

Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сињановска е внесен во несоодветен образец, реагираат од СДСМ.

– Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19 од 29.03.2019 година.

Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци.

Во ваква форма финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и граѓаните можат да имаат комплетен увид, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК