20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари

Поддршката за Пендаровски е поддршка да продолжи полнењето на јавната администрација со роднини на функционери, а млади професионални кадри ја напуштаат земјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Гласањето за Пендаровски е глас за Мира Дизел, која си го вработи синот во ЕЛЕМ, кој сè уште не си дава отказ. Гласот за Пендаровски е и глас за Милева Георгиева, Костадин Костадинов, Фросина Ременски и другите функционер што јавната администрација ја гледаат како средство за згрижување роднини.

ДКСК, наместо да чека по изборите, треба сега да го објави извештајот за непотизам и влијанија при вработување.
ДКСК мора да дејствува веднаш и да се ослободи од стегите на власта.

Граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им кажат „не“ на политиките на минатото, на непотизмот, криминалот и корупцијата. Граѓаните ќе му кажат „не“ на Стево Пендаровски, се наведува во партиското соопштение.

Спонзорирано: