7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Спасовски во Дебарскиот Регион: Работиме успешно и целосно спротивно од режимската власт

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера беше со граѓаните од Дебарскиот Регион, каде што разговараше на повеќе актуелни теми и ги потенцира реформите што Владата ги реализира и поради кои, како што рече, државата, конечно, е на вистинскиот пат.

„Режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ е главна причина што многу млади се иселија, но ние работиме целосно спротивно на нив. Нашите политики се во интерес на граѓаните и значат повисок животен стандард, повисоки плати, нови работни места, користење европски фондови. Нашиот пат кон ЕУ и НАТО значи дека ќе ги донесеме европските вредности кај нас за да ги задржиме младите дома“, порача Спасовски.

За разлика од концептот на Стево, рече тој, опозицијата нуди само изолација и враќање во темното минато, но додаде дека граѓаните нема да го дозволат тоа, туку ќе изберат вистински претседател за напредок и интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК