Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска е залутана во политиката и брани криминалци

Гордана Силјановска не само што е залутана во политиката туку и нејзиното дејствување е спротивно на интересите на државата и граѓаните, сметаат од владејачкиот СДСМ.

Од таму истакнуваат дека Силјановска брани криминал и криминалци и не осудува насилство исто како и Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

„Кандидатката на Мицкоски лажеше дека е натпартиски кандидат, лажеше дека нема да го признае уставното име, лажеше дека е за правда, а брани криминалци. Граѓаните нема да дозволат кандидати залутани во политиката да застанат на чело на државата“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека избирачите нема да дозволат нов Иванов, односно нов партиски послушник кој, како што се вели, ќе работи спротивно на државните интереси.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК