Северинa утрово ги изненади своите следбеници на „Инстаграм“ со фотографија од болничка соба, која бргу ја избриша.
Нејзиниот пиар Давор Гргин кажа дека на Северина вчера ѝ е извршена рутинска операција и дека ќе треба да мирува две недели.
„Северина вчера беше подложена на рутинска операција на хернија, која долго време ѝ предизвикуваше проблеми во секојдневниот живот, но исто така и за време на настапите уште минатото лето поради што некои настапи беше принудена да ги откаже бидејќи болката беше неподнослива“, рече Гргин за „Индекс“.
„Операцијата помина добро и Северина денес ќе биде пуштена на домашна нега со препорака на лекар да се одмора две недели. Зафатот е направен и Северина набргу се враќа на концертните активности за промоцијата на нејзиниот најнов албум ‘Хало’, кој ги урива сите рекорди на слушателите во регионот“, додаде Гргин.