Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е нервозна поради извесниот пораз што ѝ следува и затоа секојдневно се обидува да бара алиби

Нервозната ВМРО-ДПМНЕ наместо очајно да бара алиби за убедливиот пораз што им следува на претстојните претседателски избори треба да ги остави институциите да си ја работат својата работа, соопшти СДСМ.

„Не можејќи да прифатат и да се помират со тоа дека денес институциите меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција, функционираат професионално, ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да ги манипулира граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партијата симбол за злоупотреби, заплашувања и притисоци. Времето кога државните институции беа партиски испостави, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ“, порачаа од владејачкиот СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК