9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јово Вангеловски се поднови со нов автомобил од 40.000 евра: „Воопшто не го сметам за луксуз“

И претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ќе се вози во ново „БМВ“ вредно над 40.000 евра, објави ТВ24. Врховниот суд вчера донесе одлука за набавка на ова возило од компанијата М-Кар. Станува збор за потполно исто БМВ какво што неодамна набави и Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски. Тогаш Караџовски кој е и претседател на Судскиот буџетски совет кој ги одобрува парите за возилата, во изјава за Тв 24 кажа дека најмогу пари одобрил за судот со кој раководи како и за неговиот колега-претседателот на Врховен, Вангеловски.

Јово Вангеловски пак во телефонски разговор за ТВ24 изјави дека БМВ-то воопшто не го смета за луксуз.

„Воопшто не го сметам за луксуз, тоа е далеку под стандардите кои треба да ги има службено возило за претседател на Врховен суд, имајќи во предвид какви се стандардите во Европските Врховни Судови. Ќе се возам само за службени потреби бидејќи приватно се возам во „Мерцедес“ кој е далеку полуксузно возило. И немам причина да уживам во возењето со службеното возило кое е значително поскромно од моето приватно возило“- изјави Вангеловски.

Според анкетниот лист, Вангеловски во антикорупциска пријавил дека има 4 стана, деловен простор, градежно и земјоделско земјиште. Вози „Мерцедес Хибрид“ вреден 60.000 евра, а е сопственик и на три друго автомобили, „Лексус“, „Тојота“ и „Крајслер“.

На прашањето зошто не се обидоа за пониска сума да купат лимузина од друга марка, на пример Шкода, Вангеловски одговори:

„Мислите дека му прилега на претседател на суд да се вози во Шкода“- изјави Вангеловски.

Спонзорирано: