Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поведена истрага за разбојништво во кичевска обложувачница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило разбојништво.

„Осомничениот на 8 април, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Тој влегол во спортска обложувачница во Кичево со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувачницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во разни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК