4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме во Македонија – УХМР со нова најава

Во утринските и претпладневните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи (локално над 20 л/м2). Во источните делови ќе има и појава на грмежи.

Утре времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.

Прогноза за 11.04.2019
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 17°С до 24°C
Сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 12.04.2019
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 13.04.2019
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Облачно со врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.