Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Колку чинат и во кој извештај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги пријавиле луксузните лустери?

Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава, рече Костадин Костадинов, портпарол на владејачката СДСМ и порача дека од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности.

– ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери?

Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?

Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации.

Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?

Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК