2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иницијативата на жените од Шуто Оризари: Да се реши проблемот со незаконска наплата на прегледи за Ромките

Иницијативата на жените од Шуто Оризари бара од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување да го решат долгогодишниот проблем со кој се соочуваат Ромките, односно проблемот со незаконската наплата на бесплатни здравствени услуги кај матичните гинеколози и да го подобрат спроведувањето на мерките од превентивните програми наменети за жените во репродуктивен период.

„И овој 8 Април, ние, жените од Иницијативата на жените од Шуто Оризари, го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и ден-денес се соочуваат Ромките во нашата држава. Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје.
Незаконската наплата и неефикасните мерки од Програмата за активна заштита на мајки и деца значително им го обременуваат секојдневниот живот, особено на Ромките, и потврдуваат дека во Македонија и натаму не им се гарантира правото на здравје на жените во репродуктивен период“, се вели во соопштението.

Според последното истражување што Иницијативата на жените од Шуто Оризари го спроведе седми пат на територијата на Шуто Оризари, укажа дека сите 100 опфатени испитанички се невработени и дека дури 82 отсто од оние во репродуктивен период платиле за ЕХО-преглед кај својот матичен гинеколог иако оваа услуга им следува бесплатно.

„И покрај низата мерки предвидени со Програмата за активна заштита на мајки и деца за 2018 година, кои требаше да им го олеснат пристапот до здравствени услуги на маргинализираните и ранливите, истражувањето покажува дека: 40 отсто од жените без здравствено осигурување платиле за лабораториски анализи во текот на бременоста и за породувањето иако овие услуги им следуваат бесплатно, само 16 отсто го искористиле правото на бесплатна фолна киселина, само 11 отсто од бремените жени биле посетени од патронажни сестри во текот на бременоста и дури 12 отсто од бремените жени се малолетни“, велат од Иницијативата.

Од таму апелираат до Министерството за труд и социјална политика да им дадат приоритет на сите социјално ранливи категории граѓани при кроењето на мерките за вработување, а особено на Ромите што ѝ припаѓаат на најмаргинализираната група граѓани во државава.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +