Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски во Шишево: Доста беа делби, обединети сме

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на жителите на Шишево им порача дека го застапува концептот на единство и заедништво.

Доста беа делби, обединети, треба сите заедно да гледаме напред и за младите да направиме европска држава и иднина, е пораката на Пендаровски.

„Ние сите сме исти. На 21 април и 5 мај да излеземе масовно на избори, за да дадеме поддршка да продолжи политиката која е поддржана од мнозинството граѓани, политики на заедништво, на едно општество за сите, за напредок. Единствено тоа не води кон Европа и НАТО. Политиката на Гордана Сиљановска ги следи насоките на Никола Груевски и Мицкоски и тоа ќе значи поништување Законот за јазици, ќе значи акции против напредокот и заедништвото. Тоа де факто значи трет мандат на Иванов “, рече Пендаровски.

Пендаровски побара граѓаните, сите заедно, да не дозволат да се вратат тие политики назад, туку да дадат придонес за напред, за подобар живот, нови работни места и соживот. Изминативе две години, рече, гледаме целосно нов пристап во нашето општество, градиме заедништво, едно општество за сите, многу е важно да продолжиме по тој пат, рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +