14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: За изборите нема седење дома, да се мобилизираме и заедно да одиме напред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на денешната средба со жители на Могила, порача дека само паметна политика, која има визија и стратегија, знае како од своите опоненти да направи пријатели и сојузници, како што нагласи, во интерес на граѓаните и на младите.

„Тргнаа работите, се придвиживме и затоа мора да продолжиме. Наши министри седат на иста маса со најмоќните претставници во светот, на столчето наше во НАТО. Векови наназад други сили решавале за нас. Сега сме заедно на маса. Ако продолжиме со ова темпо, и покрај сопките на опозицијата, ќе добиеме датум за преговори, со што ни се отвораат европските фондови од 900 милиони евра годишно. Тоа е придобивка за сите, но најмногу за младите и нивната иднина“, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на навесувањата од опозицијата дека доколку ја преземе власта ќе ги поништи договорите на актуелната Влада.

„Со кавги дома, со комшиите и со најголемите во светот имаме само штета. Нашите опоненти велат дека се ќе поништат што направи актуелната власт. Со тоа ќе имаме само блокади и назадување. На 21 април и на 5 мај, сите да се мобилизираме. Не може да си седиме дома и друг некој да чекаме да ја заврши работата. Мојот слоган е ‘Заедно напред’. Затоа да работиме сите, бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат силни економски придобивки за нашата држава и сите граѓани“, порача Пендаровски во Могила, додавајќи дека патот е веќе трасиран и стопирање нема.

Спонзорирано: