17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Менувањето на ставовите на дневна основа го потврдува лицемерието на Сиљановска, порача Костадинов

– Помина еден ден, кандидатката на Христијан Мицкоски го смени ставот.


На телевизија Телма Сиљановска тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пак Сиљановска тврдеше дека не е, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Република Северна Македонија или навачер кога самата се негира?

За каква правда и правичност зборува Сиљановска кога со секоја изјава потврдува дека е лицемерна и лажно се претставува пред граѓаните.

Сиљановска тврдеше дека не ја признала програмата на ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа беше еден од условите да учествува на конкурсот на Мицкоски.

За само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице.

Сиљановска не е чесна пред граѓаните.

Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој искрено и чесно настапува и достоинствено ја претставува земјата, ќе го изберат Стево Пендаровски, вели Костадинов.