Заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Радмила Шекеринска попладнево беше помеѓу граѓаните од општина Илинден .
На средбите со граѓаните се зборуваше за досегашните позитивни економски политики кои ги спроведе Владата предводена од СДСМ, евроатланстките перпсективи, како и можностите за младите што ги носи членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.
Младите се нашата иднина и затоа влогот во нив е влог во нашата иднина, влог за сите нас , за подобро утре. Приближувањето на нашата држава кон НАТО и ЕУ донесе бројни придобивки за граѓаните кои веќе се чувствуваат, а со станувањето полноправна членка на НАТО и дел од ЕУ, унија тие дополнително ќе се инетнзивираат, посочи Шекеринска
Затоа не смееме сега да застанеме, туку на овие избори да продолжиме заедно напред, а тоа значи масовна поддршка за стево. Стево е гаранција дека ќе продолжиме напред кон ЕУ и НАТО, кон напредок и развој. Глас за Стево е глас за сигурен напредок глас за обединување и помирување, глас за заедничка безбедна иднина и глас за побрз развој на патот кон ЕУ и НАТО, заклучи заменик претседателката Шекеринска.