Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на местото на авионската несреќа. Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион „цесна“ со четворица патници.
Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа.
Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа кај Солунска Глава кога мал авион од типот „цесна“ падна за време на на летот од Охрид за Софија.Како што пренесоа дел од бугарските медиуми, станува збор за бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.
Попладнето авионот се изгубил од радарскиот систем западно од Солунска Глава, а два полициски хеликоптера биле вклучени во потрагата по него. Остатоците од урнатата „цесна“ биле лоцирани на непристапен терен и голема височина, а поради лошите временски услови, потрагата беше прекината.