Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска зборува за правда, а штити насилници и криминалци

Гордана Силјановска е лицемерна и нуди лажен патриотизам исто како и Христијан Мицкоски. Дури и слоганот на Силјановска е лажен и лицемерен. За каква правда зборува Силјановска кога брани криминаци и насилници осудени за насилствата од 27 април?, соопшти СДСМ.

„Се повикува на правда, а ниту еднаш не се огради од тоа што почесниот претседател на партијата што застана зад нејзината кандидатура е осуден криминалец и бегалец од правдата.
Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, лаже дека е за правда и е иста како Христијан Мицкоски.Лицемерното однесување пред граѓаните е неприфатливо.Затоа граѓаните на изборите ќе одберат искрен и чесен претседател кој ќе работи во интерес на правото и правдата. Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател што достојно ќе ја претставува државата”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК