Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски во Аеродром: Политиката која има визија, знае и умее од опонетите да направи пријатели

Политиката која има визија, која има стратегија како да ја постигне зацртаната цел, знае како од своите опоненти да направи свои пријатели и сојузници, и токму на таков процес денес сме сведоци, порача вчеравечер заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на граѓанска трибина во општина Аеродром.

„Мојот концепт е да сум дел од политика која решава проблемите.Не да ги става под тепих, туку и по цена на сопствената популарност да ги решава во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина. Доказ за тоа е посетата на грчкиот премиер. По 28 години отворени прашања денес дојде премиер на земја која е наш најголем поддржувач на евро-атланскиот пат”, порача Пендаровски.

Пред присутните Пендаровски порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат силни економски придобовки за нашата држава и сите граѓани.

„Во посета имавме десет министри од Атина и стотина сериозни, крупни бизнисмени и сите од нив сакаат да инвестираат кај нас. Тоа е доказ дека политиката која има визија, знае и умее од опонетите да направи свои пријатели. Покажавме дека можеме да создаваме поддржувачи во интерес на земјата, на иднината, одиме заедно напред”, потенцираше Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +