22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по посетата на Ципрас: Ако не не прифаќаат, зошто ни се такви пријатели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на отварањето на изборниот штаб на кандидатката Гордана Сиљановска, ја искоментира посетата со Ципрас и рече дека ако нашите пријатели, соседи не не прифаќаат такви какви што сме тогаш, такви пријатели не ни се потребни. Според него нема да има бенефит државата од договорите што ги потпишале Заев и Ципрас, туку само група поединци.

„Велат дека ќе имало бенефити. Граѓаните до сега ништо не почувствуваа од тоа што Заев го нудеше. Уверен сум дека и од овие договори, бенефит ќе имаат само група луѓе блиски до Заев. Ако е бенефит да се срамите да ја построите македонската гарда и да интонирате македонската химна, во која се пее денес над Македонија се раѓа и ако тоа го навредува нашиот гостин, чуму ни е сето ова што ни се случуваше вчера. Ако нашите пријатели не не прифаќаат такви какви што сме, чуму ни се такви пријатели. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев, а тоа ќе се покаже на претседателските избори на кои ќе победи нашиот кандидат. Е, тогаш нема да има повеќе простор за изговори, ќе мора да распише предвремени избори“, порача Мицкоски.

Спонзорирано: