Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски паѓа се пониско, нема идеа, го принудува подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ да малтретира животни , обвинија од СДСМ

Христијан Мицкоски паѓа се пониско. Нема идеја, план ниту програма. Соочен со тоа што нема поддршка од граѓаните, во паника го принудува подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на неморално и неетичко однесување, реагираат од СДСМ.

– За Христијан Мицкоски, исто како и за нив не постојат никакви етички норми и принципи.

Видеото, одобрено од Мицкоски, во кое членови на Унијата на млади сили, злоупотребуваат и малтретираат животни е скандалозно, недолично и само потврдува дека кај Христијан Мицкоски владее истата матрица на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од јавноста се препознаени како деструктивен елемент и затоа на претстојните избори граѓаните ќе ги казнат нивните антидржавни и деструктивни политики, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичиџа затворен за сообраќај – Каква е ситуацијата на патиштата?

ДЕСК