Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фото: Протече документ, Гордана Силјановска ја “призна” Северна Македонија – се потпишала за кандидатура за претседател на Северна Македонија

– Гордана Силјановска е иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните. Едно зборува, друго прави, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Силјановска вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата.

Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Толку од лажниот патриотизам на Силјановска.

Силјановска во јавноста тврди дека нема да го употребува уставното име на државата, но нема проблем да се потпишува под уставното име заради лични цели и интереси.

Исто како и Мицкоски, вели Костадинов.

– Граѓаните нема да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не е искрен со нив, нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој работи против ЕУ и НАТО, против интересите на државата.

Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК