Centar.mk
БИЗНИС

Со коцкањето на Балканот е завршено: Коцкањето го доби и последниот удар од уште една држава во регионот

Косовските власти ги забранија сите форми на коцкање за период од десет години по убиството на двајца вработени во казино минатата недела.

„Нема да дозволиме овие простории да бидат арени на криминал во кои се одземаат човечки животи“, изјави косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, а пренесе „Евроњуз“.

Харадинај предложи закон за забрана на коцкање по двата смртни случаја, а пратениците го усвоија во четвртокот (28 март).

Законот стапи во сила на првиот ден од април.

„Евроњуз“ пишува дека коцкањето станало голем проблем во Косово, една од најсиромашните земји во Европа, каде што невработеноста е околу една третина од работоспособното население.

Индустријата бргу се зголемила во текот на последната деценија и досега во неа беа вработени околу 4.000 луѓе. Многумина од нив стравуваат за своите работни места по најновата забрана.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +