Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Табла со Северна Македонија ставена на Владата пред доаѓањето на Ципрас

Попладнево е поставена табла со новото име Република Северна Македонија на владината зграда на Илинденска б.б. ден пред посетата на Алексис Ципрас кој утре доаѓа во посета на Македонија.

На таблата името е напишано на три јазици, на македонски, на албански и на англиски. Таблата е поставена на десната страна од влезот во зградата на владата, пишува Телма.

Претходно на врвот на зградата стоеше натпис Влада на Република Македонија, но буквите беа симнати на 11-ти февруари.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК