Centar.mk
БИЗНИС

Изграден нов терминал на граничниот премин Ќафасан

Владата ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ и заклучи дека во согласност со предвиденото време за реализација, завршени се сите градежни работи и дека проектот е реализиран во целост.

Проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ се финансира од програмата ИПА и од буџетот, во вкупен износ од 1,48 милион евра, кои се грант, и над 300.000 евра од буџетот. Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК