Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се “искршија” голф и пежо во Скопје – Повредените со болнички возила пренесени во градска

На 29.03.2019 во 13.00 часот  на крстосницата од улиците „Качанички пат“, „2“ и „1506“ во село Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(73) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(24) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобила Д.М.(69) од Скопје, сопатничка во возилото „Пежо“, додека со телесни повреди се здобил Ш.И.(31) од село Визбегово, сопатник во возилото „Голф“.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК