Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ципрас во вторник доаѓа во Скопје, Владата ги објави деталите за посетата

Во вторник, делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас, пристигнува во официјална посета на Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Во склоп на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата. По неколку куси билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во Владата, ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес-конференција на премиерите Заев и Ципрас.

Делегацијата на Грција ќе се упати кон парламентот на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а на крајот на посетата премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат бизнис-форумот. Вчера, грчките медиуми јавија дека Ципрас во Скопје ќе пристигне со 70 бизнисмени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври

ДЕСК