19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Се огласи Филип Божиновски за војната помеѓу двајцата Македонци во „Гранд“

Како бомба пукна веста дека после три години на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ повторно ќе војуваат двајца Македонци,еден против друг.

Имено, Вики Миљковиќ го избра Стефан Величковски како противник на Филип Пецовски, кандидатот на Јелена Карлеуша.

Одлуката Вики ја донела по провокација од Јелена дека токму Филип може да го победи секој кандидат во дуел, па одлучила да и покаже дека може достојно да и одговори. Филип и Стефан наскоро ќе ги одмерат силите, а еден од нив ќе мора да го напушти шоуто.

На нашиот извонреден пејач Филип Божиновски не му се допаѓа соочувањето на Македонци поради нивниот мал број во споредба со бројот на кандидати кои доаѓаат од Србија и Босна.

– Тоа е малку без врска дека ние од Македонија имаме помалку кандидати за разлика од Србија и Боска, лошо е пошто еден мора да испадне… Ама тоа си е нивна политика и можат како сакаат да си прават. Јелена го кажала едниот, а Вики за противник го избрала Стефан пошто сигурно сметала дека најдобро ќе одговори на дуелот и тоа е тоа. Како и да е, нема љутиш. Секој си гледа да се претстави најдобро и тоа е тоа, секој сво своја среќа, вели Филип Божиновски.

Неофицијално, извори блиски до продукцијата „Гранд“ откриваат дека дуелот помеѓу двајца Македонци бил планиран за подоцна, но гледаноста на шоуто значително опаднала откако Карлеушане доаѓа на снимање и плановите се промениле. Дуелот на Ален Хасановиќ и Филип Божиновски е еден од најгледаните во ова музичко шоу.

Спонзорирано: