Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Расчистена дилемата: Што всушност се случуваше утрово на скопскиот аеродром?

ТАВ Македонија ги информира патниците и јавноста дека денеска (28 март 2019 година) на Меѓународниот Аеродром Скопје, со почеток од 9 часот и 25 минути, беше извeдена вежба раководена од Одделот за обезбедување на аеродромот и од Министерството за внатрешни работи.

Во моментот на случување на вежбата, која беше симулација за деактивирање на експлозивни направи на аеродромот, патниците беа известени дека станува збор за вежбовна активност и дека притоа нивните патувања ќе се одвиваат непречено.

Ваквите вежби се дел од редовните активности на Одделот за обезбедување на аеродромот во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на Царина: Меморандумот со Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе има историско значење за државата

ДЕСК

Левица повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на субвенционираниот студентски оброк

ДЕСК

Пратениците Адили Емини и Бочварски учествуваа на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК, Грција

ДЕСК