Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Проширувањето на градинката Морковче во Јурумлери се одвива според планираната динамика

Градоначалникот на општина Гази Баба, заедно со службите на општината на терен изврши увид во активностите за проширување на градинката Морковче во населеното место Јурумлери.

– Градежните работи одат одлично, веќе се поставени темелите и целосната инфраструктура. Со оваа доградба правиме уште една нова занимална на површина од 74 метри квадратни која ќе има капацитет за 24 дечиња. Покрај доградбата на новата занимална извршивме и пренамена на канцеларискиот простор кои беше непотребен, сега овој простор е прилагоден во јасли група со капацитет за 22 дечиња, истакна градоначалникот Георгиевски.

Иако оваа градинка е нова сепак не го исполнуваше потребниот капацитет за сместување на дечињата. Преку извршеното проширување на градинката вкупниот капацитет е проширен на 120 дечиња.

Проектот за проширување на градинката Морковче општината го работи заедно со министерството за труд и социјална политика во вкупна вредност од 3.070.000 денари. Општина Гази Баба од својот буџет одвои 2.570.000 денари, средства за изградба на објектот, а додека министерството за труд и социјална политика учествува со 500.000 денари средства наменети за опремување на градинката.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на општина Илинден изврши увид во градежните работи на новиот урбан парк – плоштад

ДЕСК

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

(ВИДЕО) Герасимовски со граѓаните: Субвенции за нови фасади во Пролет, решавање на проблемот со кабастиот отпад, нова градинка во Маџир Маало

ДЕСК