Centar.mk
БИЗНИС

Во тек е акција на властите: Истрага за перење пари во седиштето на една од најголемите банки во Шведска

Шведските власти влегоа во седиштето на една од најголемите банки во земјата „Сведбанк“ во рамки на истрагата за перење пари во Естонија. Државниот обвинител Томас Лангрот истражува дали 15 најголеми акционери во „Сведбанк“ незаконски добивале информации за вклученоста на банката во скандалот со перење пари, пред шведската телевизија СВТ за првпат да ја објави информацијата минатиот месец.

Се тврди дека клиентите на „Сведбанк“ имале можност да прелеат 4,3 милијарди долари од данска банка во Естонија.вСе наведува дека во интерен документ на „Сведбанк“ е заклучено дека се прекршени правилата за спречување на перење пари при работењето во Естонија, дека банката прифатила клиенти коишто претставувале сериозен ризик и дека не било издадено известување за сомнителни трансакции и активности.

Банката соопшти дека овој документ е дел од една поширока истрага, за која властите биле информирани. Естонија ѝ нареди на Банката на Данска да ја затвори својата експозитура поради перење на поголема сума пари. Вредноста на акциите на Сведбанк падна за речиси седум отсто денес.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВААТ ОД СТРАНСТВО, А СЕ ПРОДАВААТ ПОЕВТИНО – Зошто домашното пиво не е секогаш поповолно?

ДЕСК

АЛТА БАНКА НА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – Македонската берза со известување до инвеститорите

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КУРСНА ЛИСТА – Еве колку ќе чинат еврото, доларот и фунтата од утре

ДЕСК