20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променливо облачно и ветровито

Времето утрово е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Променливо облачно и ветровито со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе има услови со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Во четврток ќе се задржи променливо облачно и ветровито време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Од петок утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Спонзорирано: