Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повреден пешак во Кавадарци, возачот побегнал

Автомобил удрил во пешак во Кавадарци, по што возачот побегнал. Како што информира полицијата, на 25.03.2019 околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Народен Фронт“, „8 Март“ и „Подлешка“ во Кавадарци, возило управувано од непознат возач, удрило во пешакот А.Р.(67) од Кавадарци и го напуштило местото на настанот.

Со тешки телесни повреди А.Р. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК