23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Почна доставата на решенијата за данок на имот и фирмарина

Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина за 2019 година. Сите обврзници кои немаат платено данок на имот или фирмарина за изминатата 2018 година ќе добијат опомена за неплатен долг.

Сите граѓани кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје во барака број 15, во работните денови за прием на странки, односно во вторник и в петок од 9 до16 часот. Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 7:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје (барака број 16).

Дополнително, сите граѓани во рок од два месеца од добивањето на решението можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават, преку приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци ( https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку одделот за пријавување проблеми ( http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси: danoci@skopje.gov.mk, anitan@skopje.gov.mk (за данок на имот) и Katerina.Gichev@skopje.gov.mk (за комунална такса – фирмарина).