Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Социјалдемократите вечерва со жестока реакција до ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е против правда, во Законот за јавно обвинителство не се вметнати единствено насоките на Груевски од Будимпешта, велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во својата матрица на одбрана на криминалот. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против против правдата, против Специјално јавно обвинителство како посебно обвинителство. Затоа опозициската партија наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст, поднесува некакви лажни принципи и насоки, велат од СДСМ.

– Законот за Јавно обвинителство е важен за владеењето на правото, клучен за отворање на преговорите со ЕУ и ја покажува ориентацијата на Владата предводена од СДСМ, државата да чекори по патот на правдата, по вистинскиот пат.

Новиот закон ги опфаќа сите меѓународни принципи, но во него не се вметнати насоките на Никола Груевски од Будимпешта.

Повторно ВМРО-ДПМНЕ ги става партиските пред државните интереси.

Колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство, а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на правдата, државата и граѓаните, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК