Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.

И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Опозицијата се спротивставува на тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да продолжи да ја води оваа институција. Неформален рок за договор е крајот на месецов. Законите кои ги договараат власта и опозицијата се важни за зголемување на шансите за добивање датум за преговори со европската унија во јуни.

Еден од условите за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни е токму овој реформски закон за јавно обвинителство. За негово изгласување потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК