25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска на Агенда Млади 20-24: Над 18.000 лица се вклучија во Гаранцијата за млади, го надминавме и европскиот просек на реализација

За прв пат воведовме Гаранција за млади и за кратко време не само што го постигнавме европскиот просек на реализација туку и го надминавме, порача денеска на трибината „Агенда Млади 20-24“ потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.

– Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 млади лица. Реализацијата е многу добра, 35% од овие млади се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто, посочи Царовска.

Потпретседателката Царовска истакна дека оваа мерка е успешна, затоа што со неа се враќа довербата на младите кон институциите, младите се охрабрени и се повеќе се вклучуваат а СДСМ продолжува да работи со младите во креирањето на нови мерки и политики.