25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Митровска: Ѓорче Петров доби модерно и економично ЛЕД осветлување, поставени се над 400 нови светилки

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Наумоски, го остварува ветеното пред граѓаните. Ѓорче Петров го осветлуваме со најмодерно и економично лед осветлување, истакна портпаролката на ОО СДСМ Ѓорче Петров, Борјана Митровска.

„За само една недела, веќе се поставени над 420 светилки а во меѓувреме екипите непрестано работат на терен за да се постави целосното осветлување. Ветивме дека за 6 месеци Ѓорче Петров ќе добие нов лик со модерно осветлување, но со динамиката со која се изведуваат работите очекуваме овој проект да заврши многу побрзо.

Освен што ќе ја подобри видливоста, новото осветлување со економичноста, значително ќе ги намали и трошоците. Покажуваме дека сме на правиот пат. Покажуваме дека знаеме одговорно да се однесуваме со парите на граѓаните и наместо за споменици и палми да ги насочиме кон подобрување на животот за сите.

Продолжуваме одговорно. Ѓорче Петров станува модерна, развојна општина, а не запоставена и уништена, каква што ја остави ВМРО ДПМНЕ“ порача Митровска.