Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
– Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е од особено значење за негувањето на обележјето на еден народ.
Република Северна Македонија е еден живописен мозаик во кој живеат различни народи, со различни култури и јазици. И токму оддржувањето во живот на тие посебни обележја на различностите не прави нас како држава посебни.
Живеејќи заедно, ја градиме нашата заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит. Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и заедништво.
Затоа заеднички да продолжиме по патот кој оддамна заедно го одиме, заеднички да придонесуваме во градењето на просперитетна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија.