25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Средношколците да ги пријават сите притисоци, инспекторатот да ги казни директорите кои се заканувале

Изјава за медиуми, Ивана Туфегџиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата – интегрален текст

Во однос на денешните наоди за притисоци и пријави за притисоци видовме и видео записи од средношколците за да не излезат на протест против загадувањето и да не ја бојкотираат наставата. Информираме дека остро го осудуваме тој чин и дополнително известувам дека претставниците на движењето „Friday for future“ беа дел од меѓународниот ден на демократијата и прашањата којшто тие ги адресираа како дел од глобалното движење се прашања кои ги надминуваат партиите, како и изборите и изборните кампањи.

Од тука ги повикувам средношколците да ги пријават сите притисоци кои биле извршени врз нив без да се плашат од било какви последици. Го повикуваме и Државниот просветен инспекторат веднаш да постапи, да излезе на терен и да изрече казни за тие директори кои вршеле притисок врз средношколци.

Времињата на етикетирања и притисоци врз млади луѓе кои сакаат да протестираат за прашања кои не засегаат сите нас се завршени, а политичките актери и директори кои мислат спротивно припаѓаат на минатото.

Ги повикувам сите средношколци да поднесат претставки, како што го повикувам и Државниот просветен инспекторат да постапи јавно, транспарентно по однос на претставките да информира за постапките и казните кои биле изречени врз директорите.

До мене стигнаа наводи за притисоци и пријави за притисоци од средношколци меѓутоа за иницијативи за поднесување на претставки ќе бидам во тек во однос на тоа прашање и ќе поднесам лично претставка доколку е потребно во име на средношколците.