25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ е против Законот за одбрана, го загрозува членството во НАТО

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ – интегрален текст

 

Преку деструктивни политики , ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните на Република Северна Македонија.

Наместо да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на Законот за одбрана, на еден крајно лицемерен начин, на штета на државата и членството во НАТО.

Со неодговорно и лицемерно однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и го загрозува и го става под ризик нашето членство во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцираат ново вето од Грција.

На Мицкоски и на пратениците им пречи името Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. Членка на НАТО, но не им пречи кога во Европската народна партија, се впишани како партија од Република Северна Македонија.

Тоа е врв на лицемерие и деструктивност во опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана затоа што тој е важен и за нашето членство во НАТО и да ги прекинат политикантските лицемерни игри.

Уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија.

Преспанскиот договор и уставните измени се клучен елемент во процесот на нашето зачленување во НАТО.

Без Договорот нема НАТО и тоа му е јасно секому.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано и на секој начин покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција, а единствено работат на заштита на криминалот во сопствените редови.

Казната за таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Будимпешта, доаѓа на 12 април.