25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Проверувајте ги сметките, легнуваат пари за скенираните сметки – Следуваат и награди

Мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е во полн ек, а средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Исто така започнува и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

–Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Погледнете ги извештаите на Европската комисија за успешни и најдобри практики, како земјите адресирале сива економија со примена на наградни игри и како ги зголемиле приходите за 30 отсто, а ја намалиле сивата економија. Тие ги стимулирале граѓаните, односно применувале стимул а не казни. Со наградната игра и ние ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка, рече Ангеловска неодамна.