Заменик министерот за правда и член на ЦО на СДСМ, Оливер Ристовски гостуваше во дебатната емисија Анализа на ТВ 24 вести на која посочи дека е срамно ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда имајќи го во предвид фактот дека против половина партија на опозицијата се води судска постапка.
ВМРО-ДПМНЕ дава предлози а заборава дека против половина пратеници и функционери на опозицијата се води судска постапка, ова доволно зборува за каква партија зборуваме и какво лицемерие шират, истакна членот на ЦО на СДСМ, Оливер Ристовски.