17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев на трибина во Гостивар: Ова е наша заедничка држава, заедно го градиме концептот едно општество за сите, нема да дозволиме поделби

Гостивар е огледало на нашата мултиеничка држава. Од Гостивар, од градот на соживотот, на соработката, со гордост можам да кажам дека ние од СДСМ не гледате, не има и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи…но тоа не е случај со нашиот политички опонент.

Ние како социјалдемократи го воспоставивме принципот на едно општество за сите и тоа го градиме, еднаквоста и рамноправноста но тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кои постојано зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.

Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да не дели. Народот е изморен од делби и поделби. Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот. Може да имаме различни националности и вери но ова е наша заедничка земја. Со концептот едно општестви ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме.

Да не дозвoлиме на луѓе кои се лицмерни и подваат рака само ако се работи за власт повторно да внесуваат поделби, на 12 април заедно да потврдиме, продолжуваме на прав пат, рече претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК